Овесни палачинки со јагода- кокос фил
1. Овесните снегулки ги блендираме ситно, да станат како брашно.
2. Во длабок сад ги ставаме јајцата, матиме со жица. Ги додаваме млекото, кокосовото масло, медот, прстофат сол и екстрактот од ванила. Промешуваме. Го додаваме и овесното брашно ( иситнетите овесни снегулки ), промешуваме. Печете ги во загреано нелепливо тавче со малку кокосово масло. Јас палачинките ги правев со апарат за палачинки, печејќи ги по минутка од страна. После неколку направени палачинки смесата ќе ви се згусни од самото стоење овесните снегулки ќе го примат млекото, по потреба додавајте по една лажица млеко, зависно од густината. Од оваа смеса јас направив 11 палачинки.
3. Јас користев замрзнати јагоди. Ги ставаме во блендер да се иситнат, додаваме 3 лажици од грчкиот јогурт и медот и блендираме. Смесата ја ставаме во длабок сад го додаваме кокосот и преостанатиот грчки јогурт. Мешаме. Ги филуваме палачинките. Одозгора ставаме по желба кокос или помешано кокосово масло со какао.
Лиценца: Сите права се задржани