
10
мар
2012
Обланди со кокос
Најпрво ја правиме основата за филовите -во голем сад за готвење на оган се ставаат млекото, пола килограм шеќер и маргаринот. Кога смесата ќе зоврие, се додаваат бисквитите и кокосот. Настрана се матат јајцата и 2 лажици шеќер, кои се додаваат во смесата со бисквити и кокос кога оваа ќе олади. Целата содржина се дели на 2 еднакви дела. Во првиот дел се додава сувото грозје, а во вториот орасите и растопеното чоколадо. Обландите се премачкуваат прво со едната смеса, па се реди обланда па другата(од двете смеси да има по 2 слоеви наизменично).Се оставаат покриени да се оладат и да се сврзат убаво.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови