Маргаринот се остава на собна температура за да омекни, па се мати со изварката и се додава мајонезот, се додека не се добие хомогена смеса.

Филот се дели на 4 дела. Секоја кора од обландата од рапавата страна, се премачкува со филот подеднакво, освен кората што ќе биде најгоре.

На првата кора се редат парчињата кашкавал, едно до друго, па над кашкавалот се премачкува мал слој павлака, за да се залепи другата кора. Се става втората кора обланда и се рендаат варените јајца. Се става третата кора и се редат парчињата салама едно до друго, па се премачкува мал слој од павлаката. Се става четвртата кора, се ставаат краставичките сечени на ситни коцкички и малку од павлаката. Се завршува со петтата и последната кора од обландата.

Над обландата ставам плек за печење, за да се залепат сите кори со филот и се остава барем еден час.

Најгорната кора од обландата се премачкува со павлака, се ренда кашкавал или пармезан, се украсува по желба и се сече на парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови