Оваа обланда е многу лесна за подготовка, а бидејќи е посна, трае и по неколку денови, доста е соодветна за да се понесе за на плажа.
Се прави брзо, може да се замрзне и штом ви затреба за кратко време имате вкусен десерт со вкус на кикирики и чоколадо.
Рецептот го имам со години (но со ореви наместо кикирики) и еве го споделувам со вас.

~ Подготовка ~

1. Шеќерот се загрева да се стопи во водата, се додава ванилиниот шеќер, и штом ќе зоврие се става маргаринот (исечен на помали парчиња) и чоколадото, со жица се меша додека не почне пак да врие и да се изедначи целата течност.

2. Се трга настрана и се додаваат мелените бисквити, мелените кикирики и какаото. Се меша убаво да се соединат состојките.

3. Додека е топол филот се филуваат сите 4 листови од обланда освен последниот, се става нешто тешко врз нив и се остава да стојат неколку часа.

Ова е една практична намена на оваа обланда, а секако намената може да биде според потребите.
Наместо кикирики може да се стават ореви, лешници или бадеми.
Наместо маргарин може да се стави путер, млечно чоколадо и ете ви мрсна верзија на обландата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани