Обланда ролнички
Водата и шеќерот треба да зовријат. Се трга од оган и се става маргаринот и чоколадото да се растопат и на крај оревите и бисквитите, па добро се промешува.
Обландите се замотуваат во мокра платнтна салвета за да можат да се ролаат. Треба да се внимава да не се натопат премногу, само колку да може да се виткаат, а да не се кинат.
Секоја обланда се сечи во должина на 3 дела, танко се премачкува со фил и се рола (фото).
Потоа се оставаат на провев малку да се потсушат за да мозе да се сечат на парчиња од околу 10 см, а да не се набиваат.
Ролничките на едната страна ги макаме во смесата од растопеното чоколадо, со маргарин и масло и потоа ги наросуваме со кокос, или трошки во боја или од чоколадо.
*Јас имав и кафеава обланда, која ми остана од друга врста благи, па решив за подекоративно да направам пола-пола од темната и светлата, комбинирајќи ги со тоа и боите на чоколадата. Но од искуството со темната обланда, ви препорачувам да ја избегните за овој рецепт, затоа што е потврда од белата и потешко се витка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови