Обична погача
Подготовка
- Загрејте го млекото и со него напраете смеса во густина на каша од квасецот, 100 гр брашно, додадете солта и шеќерот. Оставете да стаса.
Во вака стасаната смеса додадете ги со вилушка разматените јајца и измешајте да се спојат. Сега додадете го зејтинот, киселото млеко, сокот од лимонот и брашното.
Замесете меко тесто, оставете околу 40 мин. да стаса. Размесете и оформете погача по ваша замисла. Нека одстои околу 10-15 мин и ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200 степени.
Забелешка
- Јас правев многу обична, најобична форма. Го поделив тестото на неколку топчиња, со намрснети раце ги дооформив, ги наредив во подмачкано плекче, сите топчиња освен средишното ги засеков на неколку места.. Премачкав со јајце, посипав со малку сусам и го добив тоа што го гледате.
- Погачи никогаш не правам од 1 кгр. брашно, ги месам помали и ова е од половина доза од рецептот. Некако секогаш ми се поубави за око помалите погачи. И да сум замесила 1 кгр. брашно, јас го делам тестото на две и правам две погачи.
- Тестото е меко, немојте да мислите дека е нешто некаде погрешено, но ако ги намрснете рацете со зејтин, одлично ќе се справите со него.
Лиценца: Сите права се задржани