Новогодишни чорапчиња од бело чоколадо
Многу брзи лесни за правење чоколадни чорапчиња кои многу будат радост кај најмалите. Се што вие потребно за овие колаченца е силиконски калап со новогодишни мотиви, бело чоколадо, трпение и за миг се готови,хехе
Најпрво го растопуваме чоколадото на пареа со малку масло, го полниме калапчето со чоколадо и го ставаме да се стегне убаво во комора во фридижер. По 10на минути го вадиме и внимателно едно по едно чорапчињата ги вадиме од калапчето.
Јас панделчињата и другите украси си ги правам дома, имам мои модли но доколку немате можи такви или слични да си купите готови.
Точките се прават со боја растворена со малку масло.
Бојата, украсите можи да си ги направите како вие сакате и со тоа да направите срекни лица околу вас ...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови