![Новогодишни мафини со парчиња чоколадо](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/01/-%d0%bc%d0%b0%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%87%d0%b8%d1%9a%d0%b0-%d1%87%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%be-23da64-800x600.jpg)
Новогодишни мафини со парчиња чоколадо
За овие мафини можам да пишам дека се преубави.
Убаво се вадат од хартијата,вкусни се и тестото им е ровко.
За почеток на рецептот, припремете ги сите состојки.
1. Калапот наполнете го со хартиени корпици и загрејте ја рерната.
2. Растопете го путерот за да биде спремен. Изматете ги јајцата убаво,густо,пенесто. Ставете го шеќерот во прав во јајцата, па промешајте повторно. Додајте ги течните состоки- путерот и млекото, а потоа постепено брашното, ванилиниот шекер и пецивото.
3. Полнете од смесата во претходно поставените хартиени калапи. Врз секој мафин додадете парчиња кршена чоколада. Ставете го калапот за мафини да се пече. Готовите мафини оставете да се изладат, а потоа засечете ги во средина, па декорирајте ги со чоколадни фигури со новогодишен дезен.
Децата, а и возрасните ги обожуваат.
Нека ви е слатко
Среќни празници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubavki se