Моите омилени рецепти можеби веќе и забележавте се оние без печење, оние кои во својот состав имат бисквити.

Подготвка:

1. Најпрво го правиме шербетот во сооднос 1 спрема 1, и го оставаме да се олади.
2. Во меѓувреме ги мелеме бисквитите, го додаваме маргаринот и изладениот шербет го додаваме постепено. Mесиме додека не добиеме убава смеса. Го дадаваме и какаото и мелените ореви, па продолжуваме со месење.
3. Така добиената смеса ја ставаме во правоаголно калапче претходно обложено со најлонска фолија и го ставаме колачот да се излади и стегне убаво во замрзнувач.
4. Ја растопуваме чоколадата на пареа и го премачкуваме колачот од горе. Потоа го сечеме на убави коцки и украсуваме со убави јатки ореви

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови