Оваа е мојата роденденска торта и денес, баш на мојот роденден ја пишувам. Имав две роденденски торти годинава, едната е веќе пратена и таа беше за да се почастиме со друштвото на собир, а оваа за вечерва. И двете брзи, лесни и вкусни, без печење.

Прашоците за шлаг крем од ванила се матат со газираната вода претходно добро изладена во фрижидер.
Добиениот крем се дели на 3 дела.

Оревите малку ги потпекуваме колку да пуштат арома и потоа ги мелиме и нив и бисквитите, па внимателно со шпатула ги мешаме во првиот дел кој го расплескуваме на дното на калап со откопчување.

Во вториот дел со нож ситно ја сечкаме алвата и исто така мешаме, па го распоредуваме врз првиот дел.

Во третиот ја додаваме Нутелата и миксираме, па ја премачкуваме најгоре.

На крај матиме една шлаг пена и ја украсуваме тортата.
Одозгора посипуваме со чоколадни струготини или крокант од лешници.
Оставаме преку ноќ да се здрви во фрижидер, а попогодна е да отстои и во замрзнувач за подобро да се исечат кремастите парчиња.

Користев калап бр 26, а ако сакате повисока, тогаш земете некој помал број.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани