Подготовка:

1. Измешајте ги состојките за подлогата и натапкајте ги на дното на калап, со откопчување, 25х25 или 20х30 Јас овој чекор го заменив со овално-долгнавести бисквити потопени во млеко. Секој желатин посебно растворете го, со по 8 лажици вода и оставете го да набабри.

2. Овошјето, кое во изворниот рецепт беше јаготки, а кај мене се капини и се покажа дека е подобар избор (не сум имала поим, додека не пробав која луда комбинација е мешањето на вкусовите на капини и јаготки!). Ставете го со шеќерот и водата да зоврие, тргнете го од рингла и испасирајте го, па додадете го растворениот желатин. Мешајте додека се соедини и тргнете го на страна, да се лади. Овој чекор препорачливо е да го направите прв за да има време убаво да се излади.

Секако, овде по ваш избор или можност можи да комбинирате зрнести и црвени овошја како јаготки, капини, малини, боровинки и сл. , а исто така и со изборот на вкусот на овошниот јогурт. Сепак, јас ќе ви препорачам пред се да го пробате еве, баш мојот избор.

3. Додека се лади овошното желе го спремаме белиот дел. Благо ја матиме слатката павлака, колку само да зацрврсти. Во истиот или во посебен сад ги мешаме овошниот јогурт и киселата павлака и потоа ги соединуваме кратко со миксер сите заедно.

4. Здрвениот желатин го топиме и во него додаваме 2 лажици од белата смеса, мешаме да се соедини и потоа го истураме во садот и уште еднаш кратко со миксер соединуваме.

5. Половина од белата смеса истураме и рамниме врз подлогата. Врз неа го истураме врз лажица внимателно желето од капини кое треба да е доволно оладено, но не и почнато да се здрвува.

6. Садот го оставеме 20на минути во ладилник, додека фати убава кора желето, за да можеме потоа да го распоредиме и останатиот бел дел врз него.

7. На крај преливаме со ганашот од стопено чоколадо и слатка павлака исто така внимателно да не го пробиеме слојот под него. Оставете го, преку ноќ, во фрижидер, убаво да се стегни, пред сечење и потоа уживајте.

Ние го уживавме во друштво, во планинските падини на Пелистер после убавата софра и караоке. Импресиите после сите тие убавини да се даде комплимент на десертот со особен нагласок за мене беше дополнителна музика за душа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови