Во чашата на нутрибулет ги ставаме јапонското јаболко, бананата, зрната на калинка и парчињата јаболко.
Соединуваме неколку секунди да добиеме мазна смеса.
Додаваме малку вода за регулирање на густината.
По желба го процедуваме низ цедалка.
Сервираме во 2 чаши и консумираме.

Според мене ова е најубавата комбинација на овошки кои сум ја подготвила до сега... и покрај тоа што секоја комбинација е убава за себе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани