Најмеки лепчиња за сендвичи
Предлог за мирисно, исклучително меко и вкусно лепче , пециво за сендвичи е мојот денешен предлог.
Може да се направат сендвичи со кашкавал, крашки врат, мајонез, домат...како кај мене, или пак да се искористат за вкусен ход дог сендвич.
Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме активираниот квасец, сол, растопен путер, половинка јајце и соединуваме со вилушка.
Сега постепено додаваме брашно и замесуваме тесто понамеко.
Не смее да биде тврдо замесено.
Го покриваме со фолија и го оставаме да се дуплира
Потоа без да го премесуваме тестото го делиме на 8-10 топчиња.
секое топче го расукуваме како мало кориче и виткаме кифла.
со рацете малку го измазнуваме по работната маса, со цел да добиеме долгнавести форми.
Ги редиме во плех, покриваме со чиста крпа и оставаме да одстојат 20 минути.
Потоа ги премачкуваме со половинката јајце, наросуваме сусам и ги печиме во загреана рерна на 200 с додека убаво не заруменат.
Кога ќе го извадиме плехот од релната го покриваме со чиста крпа и така нека одстојат 10 минути.
Потоа ги ставаме на решетка да се изладат, па правиме сендвичи и послужуваме.
На здравје убавинава.
Лиценца: Сите права се задржани
Bas takvi se
Prekrasni bea