1. Во еден сад се ставаат брашното, шеќерот и квесецот и се промешува.
2. Во друг сад се матат јајцата со водата и маслото до соединување и му се додаваат на брашното.
3. Се замесува многу лепкаво тесто кое што се меси најмалку 5 минути пред да му се додаде солта, се меси уште малку.
4. Тестото се остава на топло за да си го удвои обемот (60ина минути).
5. Готовото тесто се става на многу малку набрашнета површина.
6. Се разделува на 10 еднакви делови и се прават топчиња и се оставаат 15 минути да одморат.
7. Секое топче се набрашнува малку и се расплескува за да му излезе воздухот.
8. Така подготвени секое топче се става во метална кружна модла претходно премачкана со масло.
- Ако немате кружни модли може да си ги направите од алуминиумска фолија.
9. Така подготвени се оставаат на топло за 40-50 мин. или додека си го утројат обемот.
10. Така подотвени се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам.
11. Лепчињата се печат на 220 степени за 12-15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови