Најбрзите Пирошки
Се прават за 5 минути, а се што ви е потребно е тост леб. Полнењето прилагодете го по вкус. Јас се одлучив за шунка и кашкавал.
Подготовка -
1. Краевите на парчињата леб ги сечеме.
2. Потоа секое парче го поминуваме со оклагија, со цел да се истенчи доволно лебот за да може да се витка лесно.
3. На секое парче леб ставаме шунка и кашкавал (исецкани на тенки лентички) или доколку сакате ставете по 1 цело парче.
4. Завиткуваме како ролатче и секое од нив ги потопуваме прво во јајцето (плус сол) па во лебните трошки.
5. Веднаш пржиме во загреано масло на средна температура, додека не поруменат.
6. Ги вадиме врз хартиена салфета.
Балансот и изборот на состојките направете го вие, според вашиот вкус. Јас понекогаш ги правам со урда, сирење, зденка, сецкани маслинки...
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани