Мулти сок (за растварање)
На 1 кг овошје оди 4л вода, 8 лимонутси и 3кг шеќер.
Овошјето најпрво го ставив половина час во ладна вода со сода бикарбона, потоа убаво го измив. Се цеди во соковник или се меле.
Сокот од овошјето заедно со корите од овошјето се ставаат во голема шерпа, се додава водата и лимонтусите и се остава да одстои 24 часа, со повремено промешување.
По 24 часа, сокот се цеде со соодветно материјалче (јас си имам едно како шамија и го користиме само за цедење на сок), јас го процедив два пати, да биде чист и мазен сокот. Потоа се додава шеќерот и се меша исто така повремено додека да се растопи убаво шеќерот.
Откако ќе се растопи шеќерот се собира сокот во шишиња.
Од оваа доза мене ми излегоа 15л сок за растварање. Шеќерот може да го намалите или зголемете, зависи од вкус, на почетокот го правевме со 4кг шеќер на 1 кг овошје, ама беше многууу благ, па го намаливме на 3 кг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови