Покрај многуте верзии на оваа салата еве и една моја верзија, која е корисна за трошење на Велигденските залихи од варени јајца. Сепак основата за салатава ја имам уште од студентските денови кога се запишуваа рецепти (а малку поретко се правеа). За ориентација, стаклениот сад во кој ја правев салатата е со зафатнина од околу 900 мл. вода.

~ Компирите се варат, се ладат, се лупат, во сад се рендаат на крупната страна на рендето. Се зачинува со сол, црн пипер, маслиново масло, сок од лимон и малку куркума (која јас обавезно ја ставам во варен компир). Се меша убаво и се става во стаклениот сад.

~ Понатаму се се ренда на ситно и оди по следниот редослед ~
- Компирите се премачкуваат со мајонез
- Се посолува со исечкан магдонос
- Се рендаат 2 варени жолчки
- Пак се премачкува со мајонез
- Се ренда сирење
- Се редат 2 варени јајца исечкани на кругови
- Се премачкува со павлака
- Се ренда салама
- Се рендаат 2-те варени белки
Се украсува со павлака, магдонос, малку слатка пченка или по желба.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани