1. Ставете ги во чашата ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња.
2. Додајте го шеќерот и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките. Со тоа аромата од нането се меша со аромата од лимонот.
3. Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Мешајте со сламка за да се раствори шеќерот.
4. Можете да користите шеќерен сируп или шеќер во прав наместо обичен шеќер. За да направите шеќерен сируп загревајте вода и шеќер во однос 1:1 и мешајте додека шеќерот не се раствори. Некои употребуваат Спрајт наместо газирана вода.
5. Украсете со парче зелен лимон..
Уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови