
20
авг
2019
Млеко од сончоглед (посно)
1. Сончогледот (суров) се става во сад, се тура најпрвин вода од око и прстофат сол, се остава да стои 8 часа, затоа позгодно е да се стави навечер. 2. Потоа, водата во која киснеше сончогледот се истура низ цедалка, се мие и се става во големата чаша од Нутрибулетот. 3. Во чашата се става 500 мл. обична вода и се блендира. 4. Течноста се цеди низ ситна цедалка или директно низ газа. Се чува во фрижидер, се користи по желба како замена за кравјото млеко. Пожелно е да се користи во пократок период.