Во сад измешајте го медот, водата, шеќерот, солта и маслото.
Во друг сад измешајте го брашното, сувиот квасец и семките од сончоглед на Натура, измешајте ги со водените состојки и замесете убаво мазно тесто.
Оставете го да стаса околу 2 часа или додека не се дуплира.
Пред печење намачкајте го лебчето со масло и попрскајте неколку семки.
Печете во загреана рерна околу 30-40 на 180 или зависи од рерната.

Забелешка
Ова ми е прв рецепт каде што печам лебче во тавата за чизкејк од Делимано и верувајте, резултатите се повеќе од одлични.
Доколку не сакате посна варијанта, можете водата да ја заменете со млеко и да додадете и јајце во тестото.

Дали има поубаво од тоа, утринско лебче намачкано со мармалад во овие посни денови?
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови