Леб со мед и сончоглед (посно)
Состојки
- 160мл вода
- 1 лажица мед
- 2 лажици шеќер
- 1/2 пакетче сув квасец
- 1 лажица маслиново масло
- 150гр бело брашно
- 150гр интегрално брашно
- 50гр семки од сончоглед на Натура и плус за украсување
Подготовка
Во сад измешајте го медот, водата, шеќерот, солта и маслото.
Во друг сад измешајте го брашното, сувиот квасец и семките од сончоглед на Натура, измешајте ги со водените состојки и замесете убаво мазно тесто.
Оставете го да стаса околу 2 часа или додека не се дуплира.
Пред печење намачкајте го лебчето со масло и попрскајте неколку семки.
Печете во загреана рерна околу 30-40 на 180 или зависи од рерната.
Забелешка
Ова ми е прв рецепт каде што печам лебче во тавата за чизкејк од Делимано и верувајте, резултатите се повеќе од одлични.
Доколку не сакате посна варијанта, можете водата да ја заменете со млеко и да додадете и јајце во тестото.
Дали има поубаво од тоа, утринско лебче намачкано со мармалад во овие посни денови?
На здравје