Мисо супа со тофу и хиџики алги
Можеби за некој овој рецепт изгледа сосем вонземјански и сите состојки му се шпанско село, но за љубителите на јапонска, азиска или макробиотичка храна рецептот би бил добредојден. Истовремено ова е рецепт кој изобилува со хранливи состојки, почнувајќи од алгите кои се богат извор на минерали и пред се јод, потоа тофу сирењето од соја и мисото кое е ферментирана паста од соја и интегрален ориз и е богат извор на живи ензими, кои се инзворедни за енергија и подобрување на дигестивниот тракт.
Па еве ви нешто поразлично од нашето секојдневно, ако сте спремни да пробате нешто поразлично, вкусно и здраво еве ви ја оваа мисо супа која може да биде подготвена и со друг тип на алга се разбира и од друг тип на мисо. А состојките се разбира ги има кај нас во сите поголеми снабдени маркети. Уживајте во овој азијски вкус!
Во 1,5 литро вода ставете ги алгите заедно со косо сечените парчиња морков и 1 лажица масло да се варат, околу 20 минути. Потоа во водата додадете го грашокот од конзерва, фидето и тофу сирењето исечено на коцки. Додадете го зачинот, биберот, ѓумбирот во прав, куркумата и исецканото лукче. Варете уште 5 минути. И склучете ја ринглата и додате 1 лажица мисо паста која претходно сте ја разматиле со малку топла течност од супата. Послужете ја топла со лимон. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови