1. Брашното, квасецот, маслото и шеќерот ги замесуваме со млака вода. Да добиеме средно тесто. Тестото го оставаме да скисни. Откако ќе скисни го делиме на два дела.
2. Јаболката ги миеме и ги рендаме.
3. Од секој дел сукаме правоаголна кора. Кората ја премачкуваме со 3 лажици мармалад од црни сливи. Врз неа ставаме 2 рендани јаболка, 1 ванила и 50 гр сецкани ореви. Виткаме ролат. Ролатот го сечиме на парчина со дебелина од 1,5 цм.
4. Ружичките ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Ги оставаме малку да скиснат.
5. Врз секоја ружичка ставаме мало парченце путер. Печиме во загреана рерна на 180-200 степени 15 минути.
6. Откако малку ќе се изладат ги посипуваме со шеќер во прав.

Во филот по желба можете да ставите суво грозје или брусница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани