Е баш убаво се насладивме со овие мини ролнички. Комбинација од меса која сите дома ја сакаме, особено децата.
Подготовка
Во меленото месо ставаме јајце, презла и зачини, па соединуваме. Кашкавалот го сечкаме во квадарна форма, Од меленото месо земаме топче и го расплескуваме на дланка, ставаме парче кашкавал. Затвораме и формираме ќебапче. Секое вака направено ќебапче го замотуваме во парче сланина. Ги редиме во нелепливо тавче едно до друго. Ги ставаме да се печат на околу 180 степени околу 25 минути.

Забелешка
Меленото месо треба да ни биде не многу влажно, за да го формираме во рака, затоа ако е потребно додадете повеќе лебни трошки. И се разбира најдобро е да се направи смесата и да се остави во фрижидер 2-3 чаша пред да се подготвува за печење. Сланината треба да ни биде исечена на многу тенки ленти. Ако има потреба боцнете ги краевите на сланината со чепкалка за да не се отвараат при печење.