Мини бобици
Квасецот со дел од млаката вода, малку брашно и шеќер се остава да стаса.
Потоа, од сите наведени состојки се измесува хомогено тесто. Се остава да нарасне на топло додека не се удвои содржината. Кога е готово тестото, го премесуаме и од него се кинат мали парчиња кои со рака ги оформуваме во вид на малечки топчиња. Се редат во подмачкан плех, се премачкуваат одозгора со жолчката и се посипуваат со сусам и над секое се става малечко парченце маргарин. Печиме на температура од 200 степени околу 15-20 степени, додека одозгора не добијат убава боја. На здравје!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
...хахаха... како...?... како лебари ;) децата ми се тинејџери и сега со годините малку повеќе се нафрлаат и на јадењето. Но, бидејќи овие не мора да се топли од рерна, не штети и да постојат некое време. Кај нас оди вака: пола доза додека се сеуште топли и пола доза подоцна, или како замена место леб од нив јадат, или си мезат полека, полека од време на време :))) ...најкасно до другиот ден-нема веќе ;)
Сепак, иако составот е сличен, има и разлики... нели секое тесто е воглавно со сличен состав? - така да, ти препорачувам овие да си ги поставиш како посебен рецепт со слика за да можат сите да ги видат и по желба да ги испробаат :) ... јас веќе си го запишав и кога ќе се испробаат ќе ти пренесам впечатоци на твојот објавен рецептот кој ќе очекувам од тебе ,) поздравче!
Како тоа , кога овде ти отворам профил немаш ти ни еден рецепт, ниту еден пријател, а сликата што тука стои кај коментарот си ја избришала? Зарем толку се секираш ти со ваква „активност„ за сјатот?
Е, па миличка, ај провери да не она кради од мене рецепти lol ... и тоа сите до еден скоро а? ... И види чудна работа... сликите скоро сите исти, а имињата различни. - Па тебе Шерлок можи вода да ти носи :))), кај им беа очите на сите овие тука, ако не беше ти тоа да го приметиш и тоа многу детално :)))
И за крај под секоја бајка на Езоп има наравоучение :)
„Прво скокни-потоа викај ОП!„
... има и уште неколку, ама мислам доста е и оваа ;)
Odlicen ti e receptot Klara! Vo testoto staviv i malku proso i bulgur, mi ostanaa od lebot koj go mesev i ne mi se frlaa. Eve kako mi ispadnaa:
... ама, ми остана во мисла, па да си прашам, да научам нешто плус:) Што е тоа булгур? :)
Fala ti uste ednas za ubaviot recept :)