Мини банички со овчо сирење, доматен сос и оригано
Подготовката на овие вкусни мини банички воопшто не е комплицирина, а верувајте дека сите ќе бидат воодушевени. Премногу се меки и вкусни.
- Во длабок сад, ставете го топлото млеко, шеќерот и солта. Додадете го и квасецот (претходно растопен во филџанче со млака вода). Промешајте убаво со лажица.
- Додавајте по малку брашно и матете со лажица, а потоа замесете меко тесто со рака, нелепливо. Во текот на месењето додадете го маслиновото масло.
- Тестото оставете го покриено да стаса, околу пола час.
- Од тестото вадете топчиња и равлекувајте ги во кора. Ставете им рендано сирење помешано со доматен сос и оригано и завиткајте ги во форма на округли банички
-Одзгора, премачкајте ги со јајце, путер и ставете сусам, буковец. Наредете ги во соодветна тава, намрсена и набрашнета.
-Печите на 250 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани