Досега сум правела ванилици во разни варијанти со разни додатоци, но со морков ова е прв пат. Ги нареков Милицини затоа што се по рецепт на драгата ми пријателка Милица Секулович.
Прекрасни се, ме изнадија. Сликата од првиот пат правени - утре повторно ќе ги спремам - кое нешто е доволен факт дека се навистина изненадувачки добри.

Припрема
- Исчистените моркови на ситната страна од рендето изрендајте ги. Треба да имате количина 250 гр. рендани.
- Нарендајте ја и кората од лимонот.
- Со миксер сматете ја маста со шеќерот, додадете во неа морковот, кората од лимонот - измешајте, додадете го брашното во кое сте го ставиле и пецивото. Измешајте повторно добро да се целото тоа спои.
- Од добиената смеса правете ги формите, редете на не подмачкан плех, ставете да се печат на 200 степени околу 15 минути, односно лесно се препознава кога се печени - (ова затоа што сите рерни не работат исто)
- Валкајте ги во шеќер измешан со ванила шеќер.
Супер ми беа, утре повторно ќе ги правам.
Напомена
Збунувачко е малку 2 лажици шеќер. Откако ќе бидат увалкани со шеќерот во прав, навистина се доволно благи. Смеам и да си дозволам да кажам да кој не сака многу благо може комотно да прави со 1 лажица шеќер, а кој пак сака поблаго тогаш нека стави 3 лажици што е повеќе над оваа количина...веќе е ТАЖНО благо..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови