Во тавата ставаме неколку капки маслиново масло.
Кромидот го сецкаме и го ставаме да се запржи.
Му додаваме сецкан лук.
Посолуваме и зачинуваме со црн бибер.
Рибанките леб ги сечеме на коцки па ги ставаме во сецкото.
Додаваме едно гранче свежо нане и пола китка магдонос.
Додадете една коцка за супа. Зачинете со сол,црн бибер,црвен пипер,тимијан.
Кога кромидот во тавата ја доби својата стаклена боја,префрлете го во сецкото.
Вклучете го сецкото и изедначете ја смесата.
Префрлете ја во стаклен сад каде ќе ја помешате со меленото месо.
Додадете едно јајце. Најдобро е да отстои еден час па и повеќе во фрижидер, да си попримат состојките едена од друга.
Вака приготвената смеса обликувајте ја во плескавици.
Пржете ги во грил тава или пак печете ги на скара.
Јас ги искомбинирав со останатата скара и свежо кромитче.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови