
3
мар
2022
Мешана салата со кус кус и просо
Подготовка:
1. Ајсбергот исецкајте го на покрупни парчиња. Додајте ја туната.
2. Кус кусот попарете го со топла вода и оставете да нарасне, па додајте го во салатата.
3. Просото сварете го, па процедете и тоа додадете го во садот. Додадете сок од лимон и масло,а потоа зачинете со мешани суви зачинки. Маслинките, како додаток, ги нанесуваме и лесно промешуваме.
Имаме преубава салата која мами за едно узо.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови