Мешана салата со кус кус и просо
Состојки
- 1 ајсберг марула
- 200 гр туна
- 3 лажици кус кус
- 3 лажици просо
- 10 каламата маслинки
- 1 лимон сок
- 50 мл маслиново масло
- 1/3лажиче мешан зачин од суви тревки ( грчка мешавина )
Подготовка
Подготовка:
1. Ајсбергот исецкајте го на покрупни парчиња. Додајте ја туната.
2. Кус кусот попарете го со топла вода и оставете да нарасне, па додајте го во салатата.
3. Просото сварете го, па процедете и тоа додадете го во садот. Додадете сок од лимон и масло,а потоа зачинете со мешани суви зачинки. Маслинките, како додаток, ги нанесуваме и лесно промешуваме.
Имаме преубава салата која мами за едно узо.
На здравје