Мешана салата со компир и сурими стапчиња
Салатава која ја обожавам поради нејзиниот морски вкус од сурими стапчињата.
Во многу добра комбинација е и свежиот копар.
Копарот како зачин најмногу го користат Русите и Скандинавците во нивните рецепти со риба. Иако потекнува од Индија, како лек и како зачин го користеле и Грците, Арапите и Римјаните. Почнав да гокористам често и морам да кажам дека во свежа состојба ми е поубаво.
Компирот се вари во тенџере на оган.
Откако е варен се лупи и се сече на коцки по желба кој колку сака.
Сурими стапчињата се сечат на коцки и се запржуваат само малку на масло, многу малку само колку да ги фати топлото.
Истата постапка се случува и со компирот.
Кога ќе ги запржиме ги тргаме на страна па ги промешуваме.
Ги зачинуваме со сол и сецкан кромид.
Магдоносот го сецкаме и го додаваме на салатата.
Посебен вкус му дава свежиот копар. Со рака го кинеме и го додаваме во салатата.
Зачинуваме со маслиново масло.
На здравје со прекрасната салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови