Меките кифлички од моето детство
1. Се става квасецот во чаша со три лажици млака вода да се растопи и се додава пола мала лажичка шеќер и пола лажичка сол и брашно колку да се згусти смесата, се става на топло (за околу 15тина минути стасува).
2. Се меша брашното со 2 лаж сол и 1 лаж шеќер.
3. Кога ќе стаса квасецот се става во брашното.
4. Во зејтинот додаваме 300мл млака вода и се ставаат полека во брашното кое претходно го измешавме со квасецот.
5. Се добива тесто кое е меко.
6. Се прават топчиња (околу 50) и потоа се почнува со формирањето на кифличките. Ги расукувате и се засекуваат со нож на врвот (за декорација). По желба може да ставете внатре кашкавал или сирење или да ги оставете празни.
7. Се редат на хартија за печење (и премачкување со зејтин на тавата ќе заврши работа) и се оставаат на топло малку да нараснат.
8. Откако ќе нараснат, се печат во загреана рерна на 180 Степени околу 15тина минути.
Совет како да ви остане сусамот залепен за кифлите
Откако ќе нараснат (чекор 7) секоја кифла ја премачкувате со прстот со вода, па веднаш со сусам.
Ако тестото ви е малку лепливо, додадете брашно, а ако претерате со брашното, слободно додадете вода, но внимавајте да е млака.
Јас дел од моите ги полнев со кашкавал, а останатите се празни внатре. Оние со кашкавал им наросив ким. Што и да одберете нема да погрешете. Секако се вкусни и меки. Мајка ми ги прави најчесто со сирење, кога бев мала со брат ми за 5 минути цела тава ја празневме. Благодарност до неа за рецептот.
Лиценца: Сите права се задржани