Медени јасмини
1. Состојките за тестото без какаото се ставаат во еден сад и се замесува меко тесто.
2. Готовото тесто се остава 30 минути да одмори.
3. Во блендер се ставаат сите состојки за полнежот со исклучок на слаткото, се мелат и се ставаат во еден сад, потоа се додава слаткото, се промешува до соединување.
4. Од смесата со оревите се прават мали бомбици и се оставаат настрана.
5. Тестото се дели на два еднакви дела и во едниот се додава какаото, а другиот останува бел.
6. Белото тесто се расукува тенко и се остава настрана исто така и кафеавото тесто се расукува и се става врз белото.
7. Од така подготвената кора се сечат квадратчиња од 5 сантиметри. Откако ќе се исечат секое квадратче се порастегнува уште малку со раце.
8. Секое квадратче се сечи на ,,крст,, како што е покажано на сликата.
9. Во средината на секое квадратче се става по една бомбица и од тестото, се формираат ливчињата на цветчето, при што секој агол од квадратчето се става во центарот на бомбицата и малку се притиска, а двата агли на секое ,,ливче,,се залепуваат еден со друг (како што е покажано на сликата) по желба во средината на секое цветче се става по едно бонбонче или јатка.
10. Така подготвени се печат во загреана рерна на 180 степени за 10-15 минути или додека се готови.
11. Додека се печат се подготвува шербетот, во касерола се ставаат сите состојки за шербетот и се става на оган.
12. Се вари 7-10 минути откако ќе започне да врие.
Забелешка
- Ако сакате ароматот на рози може да го замените со аромат на ванила или нешто друго.
- Од една ваква доза се добиваат 20ина јасмини, не многу големи.
- Големината на бомбицата од јатките треба да е колку скокале (џамлија).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови