Подготовка:

1. Прво пченицата ја чистиме ако има оштетени зрна, убаво ја миеме и ја ставаме во тенџере со вода да се вари. Од кога е сварена ја процедуваме од течноста и ја оставаме во цедалка убаво да се просуши, 1-2 часа. Потоа ја ставаме во процесор или нутрибулет и ја мелеме. Јас не ја сомлев целосно, оставив и по некое зрно цело.
2. Ја ставаме во сад, додаваме мед, мелени ореви, цимет, морско оревче. Убаво смесата ја соединуваме со рака. Формираме бомбици кои ги обложуваме со мелени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани