Испечати

Медени бомбици со пченица и орев

Медени бомбици со пченица и орев

Состојки

  • 150гр пченица
  • Вода за варење
  • 2 полни лажици мед
  • 100-130гр мелени ореви
  • 1лажиче цимет
  • 1/4лажиче морско оревче
  • Мелен орев за обложување

Подготовка

Подготовка:

1. Прво пченицата ја чистиме ако има оштетени зрна, убаво ја миеме и ја ставаме во тенџере со вода да се вари. Од кога е сварена ја процедуваме од течноста и ја оставаме во цедалка убаво да се просуши, 1-2 часа. Потоа ја ставаме во процесор или нутрибулет и ја мелеме. Јас не ја сомлев целосно, оставив и по некое зрно цело.
2. Ја ставаме во сад, додаваме мед, мелени ореви, цимет, морско оревче. Убаво смесата ја соединуваме со рака. Формираме бомбици кои ги обложуваме со мелени ореви.