Медена чоко-ориз обланда (посно)
Еве еден предлог од мене за посен десерт, кој не одзема многу време за подготовка и кој многу лесно се прави.
Подготовка
1. Најпрво се подготвува сусамот, кој се пропржува на тивок оган, внимаваме да не загори.
2. Потоа во касерола (на умерена температура) ги ставаме шеќерот, медот и маргаринот. Мешаме до растопување и хомогенизирање на состојките. Го додаваме чоколадото, мешаме до негово растопување.
3. Тргаме настрана, нека подизлади оваа смеса, но не потполно, па ги додаваме сусамот и експандираниот ориз. Соединуваме. Оваа смеса ја нанесуваме рамномерно врз листот обланда и рамниме со притискање со помош на некоја лажица или шпатула.
4. Обландата се остава во фрижидер да се стегне смесата, па потоа сечеме на парчиња, кои ги чуваме во пластична кутија со капак.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани