Медена торта
1. Во еден сад со миксер ги соединуваме јајцето, маста, медот, шеќерот и млекото. Потоа замесуваме со рака и постепено ги додаваме брашното и содата. Треба да добиеме мазно, нелепливо тесто.
2. Формираме ваљак кој го делиме на 6 дела. Јас вадев форми со модла бр 18 и направив 6 кори. Ако сакате може да се користи модла бр 24 и да се направат 4 кори.
3. Ги сучиме тенко корите и ги редиме во плех на кој има ставано хартија за печење. Ги печеме внимателно, кратко, околу 5-6 минути им е доволно. Ги оставаме на рамна површина да се ладат.
Сега го подготвуваме белиот крем
4. Во касерола налеваме дел од млекото, а во еден дел раствораме густин, брашно, шеќер, ванила и растворените состојки. Мешаме на тивок оган до згуснување. Во топлиот крем го додаваме путерот и матиме со миксер да се соединат.
5. На послужавник ставаме прва кора, млак крем, размачкуваме, па кора, крем... до истрошување на состојките. Најгорната кора не ја премачлкуваме со крем. Врз неа ставаме некој предмет, средно тежок, да одстои 1 час.
Потоа врз тортата нанесуваме подготвена глазура и декорираме по желба. Оставаме 2-3 часа да се стегне, па сечеме парчиња и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани