Идеален појадок, вкусен мафин со чаша млеко.
За мој вкус совршен.
Комбинацијата на јаболко и морков добро е позната.
Изрендајте го јаболкото и морковот.
Јас ги сецкав во сецкото.
На страна во сад помешајте ги јајцата заедно со шеќерот.
Матете со рачна маталка.
Додадете ги морковите и јаболката,а потоа останатите состојки постепено.
Ако ставате помали ставете 3 јајца, зашто со две смесата ќе биде густа.
Добро мешајте со шпатула да изедначите, па потоа распоредете ја смесата во калапчиња за мафинки.
Рерната нека е загреана пред печењето na 200 степени.
Штом заруменат вадете ги од рерна. Ако имате потреба можете да декорирате.
На здравје со убавките и здрави мафинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови