Убав рецепт за празнициве.
Израдувајте ги вашите најмили како јас моите.
Изматете ги јајцата со шеќерот.
Додавајте ги сите состојки пополека.
Кога е готова смесата полнете ги книжните корпици.
Ставете по една лажичка од мармаладот во средината.
Покријте со смесата и ставете да се пече на 200 степени околу 20 минути
Откако се печени извадете од рерна и оставете да изладат.
Слатката павлака изматете ја додека ја добиете посакуваната густина.
Додадете прехрамбена боја и промешајте.
Полнете шприцот за декорација и почнете да декорирате.
Украсете со декоративни топчиња и звездички.

Забелешка
Користете едно исто филџанче. Јас користев филџанче од кафе.
Наместо мармалад, можете да ставите суви смокви, урми или сува брусница. Прекрасни се.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови