Мафини-Елки
Состојки
- 200мл слатка павлака
- 1 паковка прехрамбена зелена боја
- 1 паковка декоративни топчиња
- Состав на мафини
- 1 филџанче јогурт
- 2 филџанчиња шеќер
- 1 филџанче зејтин
- 3 филџанчиња брашно
- 3 јајца
- 1 пециво
- 1 ванила
- 3 лажици мармалад од капини
Подготовка
Убав рецепт за празнициве.
Израдувајте ги вашите најмили како јас моите.
Изматете ги јајцата со шеќерот.
Додавајте ги сите состојки пополека.
Кога е готова смесата полнете ги книжните корпици.
Ставете по една лажичка од мармаладот во средината.
Покријте со смесата и ставете да се пече на 200 степени околу 20 минути
Откако се печени извадете од рерна и оставете да изладат.
Слатката павлака изматете ја додека ја добиете посакуваната густина.
Додадете прехрамбена боја и промешајте.
Полнете шприцот за декорација и почнете да декорирате.
Украсете со декоративни топчиња и звездички.
Забелешка
Користете едно исто филџанче. Јас користев филџанче од кафе.
Наместо мармалад, можете да ставите суви смокви, урми или сува брусница. Прекрасни се.
На здравје