Подготовка

1. Измешајте го брашното со мелените бадеми и солта. Додајте ги во процесор за храна, заедно со јајцето, медот и кокосовото масло. Обработете до соединување. Натапкајте ја смесата на дното и од страните на калап со форма по желба (20цм). Печете 12 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади/

2. Изматете го маскарпонето со медот. Додајте ја слатката павлака и изматете кратко. На крај додајте го стопеното бело чоколадо и измешајте со лажица. Додајте го филот врз подготвената основа.

3. Желатинот ставете го водата, за да набабри. Малините ставете ги во тенџере на оган, заедно со шеќерот и сокот од лимон. Гответе неколку минути. Со рачен блендер обработете ги малините, а потоа поминете ги низ цедалка да ги отстраните семчињата. Вратете ги процедените малини на оган уште неколку минути. Тргнете од оган, додајте го желатинот и мешајте додека целосно се растопи. Оставете смесата да се олади половина час. Потоа распоредете капки со лажица фрз филот со маскарпоне. Со помош на нож, вилушка или чепкалка, направете шари со кружни движења низ филот. Оставете во фрижидер најамлку 6 часа. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани