За мене не треба да е празник за да подготвам ваква штрудла. Едноставно ги обожавам. И сум ви кажала дека ги јадам со кашкавал.  Оваа е со прекрасен вкус, прозрачно тесто.... Прекрасна
Можете да ја правите во долгнавест калап , и тоа една штрудла, или две помали,можеби и три... кои ќе ги поставите во правоаголен плех, а меѓу себе ќе ги разделите со хартија за печење, да не се залепат.

Подготовка

1. Во топлото млеко ставаме лажиче брашно, шеќерот,, квасецот. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, ванила, киселата павлака, растопен путер, јајцата. Соединуваме убаво со вилушка. Сега постепено додаваме брашно и замесуваме мазно, нелепливо тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. За тоа време го подготвуваме филот. Во едно тенџере ставаме млеко, шеќерот, ванилата, циметот, путерот. На тивок оган оставаме да се соединуваат. Ги додаваме и мелените ореви, готвиме на тивко додека не се згусни филот.
4. Сега втасаното тесто поделете го на 2,а може и на 3 дела, тогаш штрудлите ќе ви бидат помалечки.
Секое топче расучете го во правоаголна кора. Премачкајте со дел од филот, па заролајте ролат.
Редете ги во плех. Оставете ги на топло 30 минути, па премачкајте ги со остатокот од јајцето, кое го тргнавме на страна.
5. Печиме во загреана рерна околу 30 минути. Оставаме на решетка убаво да се изладат, па сечиме на парчиња и уживаме во ова свилено тесто со прекрасен фил.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани