Малина торта
Предлагам една преубава летна освежителна торта, летен десерт, кој што ако го пробате ќе имате престава за што говорам. Многу вкусна и лесна за подготовка.
Подготовка:
1. Во миксерот ставете маскарпоне сирење, слатка павлака, зацврстувач за павлака, ванила и шеќер во прав. Вклучете миксерот нека мати, па штом се згуснува, додадете ванила екстратот и прехрамбената боја. Кога убаво ќе се стегне, исклучете го миксерот, тргнете садот на страна и додајте го малините. Мешајте со шпатула, пополека да останат цели малините.
2. Во калап кој се шири според потребата, наредете осум вафли. Попрскајте ги со малку млеко, па ставете од филот. Распоредете го насекаде рамномерно, па наредете ги останатите вафли врз него. Затворете повторно со останатиот крем фил. Ставете во фрижидер додека ја спремате огледало глазурата,
3. Во кацерола на оган ставете го сокот од малини помешан со 1 лажица густин (нишесте). Варете додека да ја добие густината. Додека е уште течен преливот, полејте го по површината на тортата.
Оставете да излади. Најубаво е да ја спремите тортата од вечер, па следниот ден, така отстојана и добро упиена ќе имате преубав летен освежувачки десерт.
4. Декорирајте со малинки, јас користев замрзнати и декорирав со ливчиња чувар на куќа.
На здравје да ви е.
Имам многу слики и од подготовката, но дополнително ќе ги прикачам
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови