Интересен предлог мезе се надевам дека ќе ви се допадне…..
Подготовка
1. Во длабок сад го ставаме брашното правиме кратер и во него го ставаме квасецот, шеќерот, ракијата и по краевите ја додаваме солта. Состојките ги замесуваме со кисела вода, покриваме петнаесетина минути. Од како тестото ќе стаса правиме ролат сечеме и формираме кругови или мали мекици малку на средината повеќе притискаме за да ни се направи длабнатина.
2. Во делимано тава за пржење сипуваме малку зајтин и малите мекици ги пржиме. Сите испржени мали мекици ги обложуваме на кујнска хартија за да ја впие вишокот на мрснотија.
3. Состoјките за полнењето: кашкавалот, пушената кременадла, киселите краставички и јајцата ситно ги сецкаме. Во нив ја додаваме павлаката, мајонезот и сувото оригано и целата смеса ја мешаме.
4. Секоја мала мекица ја полниме со смесата и декорираме по желба. Јас ставив понекоја маслинка малку магдонос и кругови чаен колбас…
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани