Денеска всушност планирав да готвам пиперки полнети со урда, оние обичните традиционалните, нив ги јадеме со многу леб... па се сетив со мали измени можам и јас да постирам нешто кон предизвикот за брускети и клуб сендвичи. Дома ми ја пребендисаа оваа варијанта, а се надевам и вас ќе ви се допадне.... И за крај си имаме и ние јадења со 5 ѕвезди, само сме многу скромни, па ете како обичните полнети зелени пиперки со урда кај мене дома станаа фенси брускети- мезе.

1. Пиперките ги чистиме од дршките и семките и крупно ги сечеме. Така исечени се пржат во тава на јак оган, доколку е со нелепливо дно нема потреба да додавате масло, а ни зачини.
2. Пред да ја додадете урдата турете една кафена лажица масло во пиперките, па додадете се заедно да се запржи 1-2 минути, колку урдата да стане кремаста. Ако сакате да ставите и јајца сега е моментот и нив да ги додадете и готово топингот за брускетите е зготвен... Се на се со се сечење 10-15минути.
3. Лебчињата печете ги во апарат или наредете ги во плех обложен со хартија, лесно попрскајте ги со маслиново масло и запачете 2-3 минути во рерна. Премачкајте со топингот и по желба декорирајте со насецкани суви домати во масло или маслинки. Јас користев суви домати.

Супер се за забави како предјадење, најдобро е доколку ги послужите топли.

п.с Јас користев Тонус леб, вие користете си каков сакате, сепак топло препорачувам некој интегрален леб или домашен уште поубаво !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови