Кога ви се јаде многу а немате време да направите некој посложен ручек, еве ви предлог од мене за макарони со тиквичка.
1. Макароните ги вариме во посебно тенџере, а тиквичката ја лупиме, ја сецкаме на ситни коцки и ја пропржуваме во тава на малку маслиново масло.
2. Кога макароните се готови, ги цедиме, ги ставаме во подлабок сад, исто така ги додаваме зачините, песто сосот и мешаме додека не се соеднинат сите состојки.

Јас додадов и малку зелена салата ама ако несакате немора.
На крај имате преубава зелена чинија со превкусни макарони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови