1. Морковите, маслинките и шунката се сечат на мали коцки и се ставаат во подлабока тава со маслиново масло да се пржат.

2. Откако морковите ќе започнат да омекнуваат во тавата се додаваат доматното пире, соја сосот, кечапот, водата и ориганото и се заедно се промешува и се остава неколку минути на среден оган.

3. Во меѓувреме во тенџере со зовриена вода се ставаат макароните и се варат по упатството од паковката.

4. Откако макароните ќе се сварат, се цедат и се ставаат во тава за печење. Се поливаат со претходно подготвениот сос и убаво се промешуваат за сосот рамномерно да се распореди.

5. На крај врз макароните се распоредува ренданиот кашкавал.

6. Така подготвени макароните се печат во претходно загреана рерна на 220 степени околу 15 минути.

7. Откако ќе се извадат се оставаат 10-тина минути, а потоа се сечат коцки кои се декорираат со свеж магдонос или босилек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани