Во сад на оган го пропржуваме кромидот,кога ќе стане го додаваме стекот исецкан на средни парчиња. Пржиме 15 мин да добие боја, ги додаваме шампињоните и со нив пржиме 5 мин, потоа ја додаваме коцката супа или брашно и морковот исецкан на кругови иполеваме со 500мл вода, зачинуваме по вкус. Оставаме да крчка додека стекот омекне, пред распаѓање. Повремено додаваме вода за да ни биде малце водно за да полеваме врз макароните.
Во меѓувреме додека се вари стекот, во друг сад ставаме вода за макароните и ги вариме стандардно.Ги цедиме кога се готови и им додаваме масло да не се залепат.
-Послужуваме во длабока чинија прво ставаме од макароните врз нив стекот со сос. Украсуваме со гранче магданос.
Добар апетит!!!

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови