
15
апр
2013
Макарони со пилешко и кари
Пилешкото месо исечете го на помали коцки и ставете го да се пржи на масло. Додајте го мешаниот сув зачин, биберот и сол по вкус.
Водата ставете ја да зоврие, посолете ја и додајте ги макароните да се сварат.
Во испрженото месо додајте ја павлаката и кари зачинот, потоа додајте ги макароните и се заедно измешајте. Ако е потребно додадете и сол.
Послужете ги топли наросени со пармезан.
Брзо и вкусно јадење!
Лиценца: Сите права се задржани