- Ставете макароните да се варат како вообичаено. Додека се варат, морковите ставете да се подварат со на коцки исечена тиквата. При самиот крај додадете ја и боркулата која треба сосема кратко да се вари како би ја сочувала крцкавоста и бојата. - Кога се сварени макароните исцедете и ставете во садот во кој ќе се приготвува ручекот во кој ќе ставите малку масло. Во него додадете ги тиквата и брокулата, но измешајте ги внимателно.

Бешамел сос
- На загреаните путер и маслиново масло ставете да се пржи брашното постојано мешајки го за да не ви потемни брашното. Залевајте со млеко до доволна густина, тргнете и додека е врел сосот додадете во него крупно рендано сирењето, може фета, плавото сирење или тврдо сирење кое вие го сакате и користите. Додадете и на вкус сол како и од вас одберено дали ќе ставите мускатно оревче или не. Залијте го сосот врз макароните, посипете со кашкавал или пармезан, ставете во загреана рерна да се потпечи толку колку да се стопи кашкавалот (Околу 15 мин.)
НАПОМЕНА -Можете макароните да ги посипете и прво со презла, потоа со кашкавал или пармезан... може и без нив - секако е вкусно.
- Можете количината на тиквата да ја поделите и да ставите 250 гр. батат (многу пати користено имам и обичен компир како што денес ставив само 1 компир), но само со тиква за мене е сосема во ред.
- Во бешамелот ставете сосема малку мускатно оревче, доколку не го обожавате изоставете го, јас ставам сосема малку (на врв на лажицата).
- Кога ги ставам макароните да се варат ја ставам и тиквата во сип сад врз истото тенџере и се вари, па кога е омекната тиквата ја додавам таму и брокулата да се вари фактички на пареа околу 2-3 минутки.